Mahmoud Barakat
14 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
РИЈАД (АА) - Кралот на Саудиска Арабија, Салман Бин Абдулазиз ал-Сауд, денес му посака добредојде на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на свечениот прием во саудискиот главен град Ријад, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата за прием се одржа во палатата Ал Јамама во Ријад, каде што кралот Селман свечено го прими претседателот Ердоган, по што двајцата лидери, зборуваа за време на свечениот ручек.
Се очекува денес попладне да се одржат неколку средби меѓу претставниците на двете земји.
Претходно, во текот на денот, претседателот Ердоган се сретна со саудискиот принц Мухамед бин Селман ал Сауд.
Состанокот, којшто траеше околу 50 минути се одржа зад затворени врати.
Турскиот претседател Ердоган доцна синоќа допатува во Ријад по посетата на Бахреин, како дел од неговата турнеја низ Персискиот Залив, во рамките на која е планирана посета и на Катар.
Во текот на состаноците во заливските земји, претседателот Ердоган ќе разговара за регионалните прашања со лидерите од заливот во насока на зацврстување на билатералните односи на Турција со земјите од Заливот.