Bilgin S. Şaşmaz
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
ЊУЈОРК (АА) - Самохраната мајка Хедер Харди (34), кој израснала во сиромаштија во Њујорк, започна да се занимава со бокс за да се ослободи од стресот, а потоа со напорна работа и тренинзи напредуваше за да победи на сите 16 натпревари кои ги имаше досега, јавува Anadolu Agency (AA).
Харди, успеа да стане меѓународен шампион на Светскиот боксерски совет (WBC). Таа, исто така, е позната по прекарот Хит (Heat), а нејзината животна приказна потсетува на филмот „Роки”. Во текот на својот живот се соочувала со сиромаштија, била бездомник, како и жртва на насилство.
Својот живот го посвети на борбата да ја прехрани нејзината ќерка Ени Вагнер. Хит била принудена да работи истовремено шест работи. Нејзиниот живот целосно се променил кога на 28 години одлучува да се занимава со бокс, со цел да ја одржи формата и да се ослободи од стресот.

И покрај жестокото темпо на живот, таа не се откажа од боксот и за многу кратко време постигна неверојатни резултати. Само три недели откако почнала да се занимава со бокс, таа го имала првиот натпревар. По осумте титули кои ги освои за 18 месеци како аматер, таа започна со бокс да се занимава и професионално.
Харди за АА ја раскажа нејзината животна приказна, од ситуација во која живеела како бездомник па сè до освојувањето на шампионската титула.
Како што самата се опиша, таа е слободна 34-годишна мајка, непоразен Меѓународен шампион, како и првата жена која се занимава со бокс во центарот на Баркли.

„Моето детство помина во сиромаштија, бездомништво и сексуална злоупотреба. Со бокс почнав да се занимавам од 28 години, што е многу доцна. Во времето кога јас прв пат започнав со бокс, поминував и низ тежок развод. Живеев со својата ќерка и работев на шест работни места. Боксот тогаш беше единственото нешто што го направив за себе”, вели Харди.
За да не доцни за работа, тренинзите во спортската сала и започнуваа во шест часот наутро.
„Борбата во рингот ми изгледа полесна отколку борбата со животот. Во рингот за време на секој натпревар имате шанса да победите, но во битката со животот некогаш ја немате таа можност”, вели Харди.
Харди со упорност и напорна работа успеа да обезбеди подобар живот за себе и нејзината ќерка. Како што додава, боксот е спортска дисциплина и затоа е потребна интензивна работа.
Таа потсети дека оние кои имаат деца, а се занимаваат со спорт, често треба да го жртвуваат семејниот живот. Таа признава дека морала да пропушти неколку родендени на својата ќерка.
Нејзиниот тренер Кормак вели дека Харди е истовемено успешна мајка и „извонредна личност”.
„До денес не сум видел спортист кој работи толку многу колку што работи таа. По напорниот тренинг таа оди дома за да биде мајка. Мислам дека таа е најдобрата мајка која сум ја сретнал”, рече Кормак.
Нејзината 11-годишна ќерка посочи дека нејзината мајка се жртвувала многу за неа и дека таа ја сака премногу. Харди на 25-ти јуни ќе го има својот 17-ти натпревар во салата Баркли.