Турција, живот

Турција: 72-годишна мајка животот го посветила на грижата за своите деца со попреченост

Во разговор за АА Фадиме раскажа дека некогаш не е ниту малку лесно да се грижи за пет лица со попреченост кои од раѓање имат болести на мускулите, напоменувајќи дека сепак е најсреќна кога ќе види дека и тие се среќни и насмеани

Ömer Ürer  | 10.05.2020 - Обновена : 11.05.2020
Турција: 72-годишна мајка животот го посветила на грижата за своите деца со попреченост ( Foto; Ömer Ürer / Anadolu Agency )

ДУЗЏЕ (AA) - Омер Урер -

Фадиме Јикит, 72-годишна жена од градот Дузџе во Турција, сигурно спаѓа во редот на оние пожртвувани жени за кои може да се рече дека се големи хероини кои целиот живот го посветиле на грижата за децата.

Таа целиот живот се грижи за своите пет лиц со попреченост, кои сега се на возраст од 37 до 49 години, од кои двајца синови.

Пред седум години остана без сопругот кој почина од рак па животот мораше да го продолжи сама со своите деца.

Има уште и две ќерки кои немаат здравствени проблеми и кои често помагаат во грижата за останатите пет деца.

Во разговор за АА раскажа дека некогаш не е ниту малку лесно да се грижи за пет деца со попреченост кои од раѓање имат болести на мускулите, напоменувајќи дека сепак е најсреќна кога ќе види дека и тие се среќни и насмеани.

И покрај сите проблеми и предизвици, истакна дека е многу среќна со своите деца, додавајќи дека секој од нив има одредени потреби и дека секој ден се труди да им биде од помош.

„На сите им е потребна нега и помош. Ми помагаат зетот и ќерката. Да не се тие тешко дека би стигнала да се грижам околу сите. Додека отидам некаде на еден час, веднаш ме повикуваат и прашуваат зошто не доаѓам дома", раскажа оваа пожртвувана мајка.

Раскажа дека најголем подарок и награда за неа претставуваат прегратката и љубовта на нејзините деца кон неа.

„Мојот најубав ден е кога ги гледам радосни и среќни. Најубаво ми е кога ќе ги бакнам и кога се играм со нив. Да ја нема таа љубов не би можела да го поднесам овој товар", рече таа.

Нејзиниот син Селим Јикит рече дека неговата мајка му е се во животот и дека ја сака многу.

„Приврзани сме за неа и ја сакамае нашата мајка најмногу", рече нејзиниот син.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın