Ekip
07 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
ЛОНДОН (AA) - Садик Кан, новоизбраниот градоначелник на Лондон, упати порака до сите жители на тој град дека ќе биде лидеер на сите без оглед на која вера припаѓаат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кан, кандидатор на лабуристичката партија стана првиот муслиман во историјата кој се најде на местото на градоначелник на Лондон. Кан, кандидатот од исламска вероисповед и потоок на Пакистанец, го наследи Борис Џонсон, кој е првиот човек на Лондон од 2008 година.
Новиот лондонски градоначелник денес ја прослави својата прва победа на свечената церемонија.
Во своето прво обраќање како градоначелник, Кан рече дека ќе биде достапен за сите луѓе кои живеат во Лондон, нив, 8,2 милиони граѓани, вклучувајќи и повеќе од милион муслимани.
„Одлучен сум да водам најтранспарентна и најпристапна администација која некогаш Лондон ја видел и да ја застапувам било која заедница во нашиот град, секој дел од градот, како градоначелник на сите жители на Лондон. Затоа сакам чинот на потпишуање да го направам овде, во срцето на нашиот град, рече Кан обраќајќи се во големата Катедрала "Southwark" каде беше поздравен со овации.
Кан изјави дека неговата победа на светот му ја покажува толерантноста и отвореноста која Велика Британија ја поседува.
На церемонијата на полагање на заклетвата Кан рече дека е возбуден, а полагаји ја заклетвата како новоизбран градоначелник на Лонон, која беше проследена со аплаузи и овации, рече: „Моето име е Садик Кан. Јас сум градоначелник на Лондон".
Кан во трката за градоначелник на британската престолнина го победи конзервативецот Зак Голдсмит.