свет

Рохани: Иран сака продлабочување на соработката со Турција

„Волјата на Иран е искрените односи со братска и пријателска Турција да се унапредуваат во секое поле“, рече иранскиот претседател Хасан Рохани

Ekipa  | 09.12.2018 - Обновена : 10.12.2018
Рохани: Иран сака продлабочување на соработката со Турција

Teheran

ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Иран сака да ги подобри понатамошните односи со Турција и дека заедничкиот договор на Анкара и Техеран за соработка на повеќе полиња, вклучувајќи ги и банкарството и енергетиката, треба побрзо да се примени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Соопштението објавено на веб-страницата на иранскиот претседател се осврнува на средбата на Рохани со претседателот на турскиот Парламент, Бинали Јилдирим, во рамките на Средбата на претседателите на парламентите за борбата против тероризмот и екстремизмот.

„Волјата на Иран е искрените односи со братска и пријателска Турција да се унапредуваат во секое поле“, рече Рохани.

„Поради обидот за државен удар (во Турција), Иран зеде цврст и транспарентен став во однос на стабилноста и зајакнувањето на Турција“, истакна Рохани.

Иранскиот претседател го поздрави ставот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган против санкциите на САД и конструктивниот начин во однос на прашањата за исламската заедница.

Истакнувајќи дека Турција, Иран и Русија донеле две одлуки на неодамнешните состаноци, Рохани нагласи дека овие одлуки имаат значителна корист во однос на финансиската соработка и регионалните прашања.

„Иран и Турција се соочуваат со тероризам со години. Секогаш кога се зголемува нивната соработка во борбата против тероризмот, борбата завршува со поголем успех. Двете земји во изминатите години имаат реализирано добра соработка против тероризмот во регионот“, рече тој.

Претседателот на турскиот Парламент, Бинали Јилдирим, во Техеран присуствуваше на Средбата на претседателите на парламентите за борбата против тероризмот и екстремизмот. На настанот учествуваа и иранскиот претседател Хасан Рохани и претседателите на парламентите на Кина, Русија, Пакистан, Авганистан и Иран.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın