Handan Kazancı
09 Декември 2018•Ажурирај: 10 Декември 2018
ЕРЕВАН (АА) - Ерменците денес гласаат на предвремените парламентарни избори - речиси 9 месеци по протестите против владејачката партија, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласањето ќе трае од 8:00 до 20:00 часот низ целата земја.

Одѕивот на гласачите се очекува да изнесува околу 60 отсто, во земјата која брои 3 милиони жители, од кои 2,5 милиони се со право на глас.
Никол Пашинјан, кој стана премиер на земјата во мај, поднесе оставка во октомври за да го отвори патот за предвремени избори.

Предизборните анкети покажуваат дека алијансата Мој чекор, предводена од Партијата за граѓански договор на Пашинјан, се очекува да победи на изборите.
Првичните резултати од изборите се очекува да бидат објавени утре наутро.
Во април, Пашинјан, кој е поранешен новинар, ги предводеше масовните протести против владејачката Републиканска партија, кои го принудија поранешниот премиер Серж Саргисјан да поднесе оставка.