Ekipa
30 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
РИМ (АА) - Италијанскиот премиер Матео Ренци, денес изјави дека сè уште нема човечки жртви од утринскиот земјотрес што го погоди централниот дел на Италија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ренци ѝ се обрати на јавноста пет часа по земјотресот со магнитуда 6,5 според Рихтер, што ја потресе Италија во 07:40 часот.
Овој најсилен земјотрес во Италија по 1980 година сруши неколку згради.
„Без оглед на јачината на земјотресот, во овој момент немаме информации дека има човечки жртви” , изјави Ренци.
Најтешко е погоден италијанскиот древен град Норча.
Италијанските медиуми јавуваат дека десет лица се повредени, од кои едно лице е во животна опасност.
Пред два месеци во истото подрачје земјотрес потресе неколку помали гратчиња, при што загинаа речиси 300 лица, претежно во градчето Аматриче.