Ali Cura
19 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, телефонски разговараше со германската канцеларка, Ангела Меркел, за решавање на сириското прашање, се соопштува од Кремљ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека Путин разговарал со Меркел за состанокот со турскиот колега, Реџеп Таип Ердоган, одржан во Сочи.
Путин и Меркел разговарале за стабилизација на ситуацијата во демилитаризираната зона во Идлиб, што ја договорија Русија и Турција.
Тие се осврнаа и на кризата во Украина и на ситуацијата на глобалниот финансиски пазар.