Hakan Ceyhan Aydoğan
06 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
МОСКВА (AA) - Рускиот претседател Владимир Путин во вторник навечер во Москва го прими премиерот на Турција Бинали Јилдирим кој се наоѓа во официјална посета на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што информираа од Кремљ, Путин за време на состанокот, кој е одржан денес после пладне зад затворени врати во Московскиот кремљ, изрази задоволство заради обновувањето на односите помеѓу Турција и Русија речиси на сите полиња.
Сакаме на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоганда му пренете најискрени поздрави. Благодарни сме му што го ратифицираше договорот за плиновод на на Турскиот тек, Тоа е само еден од големите проекти кои сакаме да ги реализираме", порача Путин.
Во соопштението потсетија дека и премиерот на Русија Дмитри Медведев претходно се состанал со премиерот на Турција.
„Денеска одржавте сеопфатен состанот со премиерот Медведев. Би сакал да нагласам дека чувствувам задоволство поради обновените односи помеѓу Турција и Русија на речеси сите полиња. Од одредени причини забележивме голем пад на трговската размена. Се надевам дека ќе преземеме енергични чекори за да направиме пресврт на овој негативен биланс во нашите односи", нагласи Путин.
Потсетуваме, премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим се наоѓа во офиијална посета на Москва каде се состана со највисоките државни челници.