Besar Ademi
16 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Македонија, Митко Чавков, заедно со амбасадорот на САД во земјата, Џес Бејли, го промовираа проектот за имплементација на мобилниот систем за снимање со камери, наменет за мобилни единици за безбедност во сообраќајот на патиштата, јавува Anadolu Agency (AA).
Целта на проектот е со регистрирање со камери да се документираат процедурите кои се однесуваат на службено дејство, и обезбедување на законитоста на постапката, како и за подобрување на полициските операции и контрола на полициските служби.
Министерот Чавков најави дека реализацијата на обуката сега веќе е почната и се очекува да заврши до крајот на овој месец.
„Убеден сум дека ова партнерство со коe полицијата на модерен начин ќе дејствува преку одговорноста и транспарентноста, заедно со граѓаните ќе придонесат на целосна поддршка и доверба кон јавноста", рече Чавков.
Од друга страна, американскиот амбасадор Џес Бејли, истакнувајќи дека според анкетите македонските граѓани сметаат дека корупцијата е распространета во државните институции, вклучувајќи ја и полицијата и судството, истакна дека во секоја демократска земја, довербата на јавноста во полицијата како јавен сервис на граѓаните несомнено зависи од перцепцијата, односно во која мерка полициските службеници со своето постапување ги почитуваат човековите права и слободи и подеднакво ги штитат нивните интереси.
„За жал ниту еден дел од владата не е имун на корупцијата, ниту тука, ниту во мојата земја, никаде. Важно е јавните службеници да не дозволат тоа да помине неказнето", изјави Бејли, според кој снимање со камерата ќе ја зголеми одговорноста на полицајците, кои ќе покажат поголема претпазливост, во нивната работа.
Донацијата во вредност од 65.000 долари се состои од : камери , поддршка на системот и обуки од експерти за полициските службеници на терен, нивните раководители но и експерти за информатичка технологија и оперативна форензика. Реализацијата на обуките е веќе започната и се очекува да заврши до крајот на овој месец.