Турција

Признание за Anadolu Agency на Светскиот инвестициски форум

На вториот и последен ден од конференцијата во Истанбул, претседателот на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели, наградата за заслуги ја врачи на Шабан Кизилдаг, член на Управниот одбор на АА

Ali Atar  | 19.02.2019 - Обновена : 20.02.2019
Признание за Anadolu Agency на Светскиот инвестициски форум

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Anadolu Agency (AA) е добитник на признание на конференцијата на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели (WBAF), која вчера и денеска се одржува во Истанбул.

AA е глобален комуникациски партнер на конференцијата која во последните два дена во Истанбул собра околу 1.000 угледни светски претприемачи и инвестирори.

На вториот и последен ден од конференцијата во Истанбул организирана е и церемонија на доделување награди, на која претседателот на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели, Бајбарс Алтунташ, наградата за заслуги ја врачи на Шабан Кизилдаг, член на Управниот одбор на Anadolu Agency.

Алтунташ на церемонијата истакна дека AA е една од најголемите новински агенции во светот и дека во последните четири години е „глобален комуникациски спонзор“ на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели.

Напомена, исто така, дека AA има свои дописници во 93 земји од светот, како и на фактот дека оваа агенција своите вести ги емитува на 13 јазици.

На церемонијата на доделувањето награди присуствуваа и членот на Управниот одбор на AA, Али Туркер Пиртини и шефот на маркетингот и глобалните комуникации на АА, Јилмаз Јаман.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın