Zeynep Tüfekçi
18 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Заменик-координаторот за хуманитарна помош во Обединетите нации (ОН), Џејми Мекголдрик, упати повик за преземање итни мерки за пружање помош на палестинскиот народ во Газа поради зголемувањето на израелските санкции, јавува Anadolu Agency (AA).
Мекголдрик објави писмено соопштение во кое наведува дека по зголемувањето на ограничувањата во Газа од страна на Израел, состојбата во подрачјето ќе стане многу покритична.
Според Мекголдрик, по затворањето на граничниот премин Керем Шалом, кој е единствен трговски премин кон Појасот Газа, последните чекори за спречување влез на различни артикли, како што се гасот и горивото, се многу загрижувачки. Тој истакна дека одлуката што израелското раководство ја донесе на 9 јули и ја надгради со нови санкции на 16 јули, подрачјето ќе го вметне во големи проблеми, првенствено секторот за здравство.
Додека продолжува забраната за извоз од Појасот Газа, министерот за одбрана на Израел, Авигдор Либерман, објави дека сè додека не се издаде нова наредба, Војската треба да спречи влез на гас и гориво во Газа преку граничниот премин Керем Шалом.
Министерот за одбрана изјави дека овие чекори се преземени во рамките на превентивните мерки против Хамас, кој од Газа исфрла ракети и запаливи балони, и додаде дека преку израелскиот граничен премин ќе биде дозволен само влез на лекови.