Selen Temizer
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
АСТАНА (AA) - Делегациите на Турција, Русија и Иран во главниот град на Казахстан, Астана, каде вчера започна осмата рунда на преговори за кризата во Сирија, се договорија за ослободување на заеобениците и уапсените, како и деминирање на теренот, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворите наведуваат дека е договорено и Конгресот на национален дијалог на Сирија да биде одржан од 29 до 30 јануари во Сочи. Во тек е изградбата на заклучоците на дводневните преговори.
На преговорите во Астана кон почетокот на мај договорено е воспоставување на четири неконфликтни зони во упориштата на најголемите судири во Сирија. Во текот на јулската рунда на преговори договорено е формирање на заедничка работна група.
Со договорот на Русија и САД една од тие зони е зоната во Дераја и Кунејтри, прогласена за безбедна зона и за тој регион се водат одделни преговори. Русија во јули испрати и полициски сили за да ја контролира имплементацијата на примирјето во тие региони.
Паралелно со тоа, руското Министерство на одбрана кон почетокот на јули месец соопшти дека е прогласен прекин на судири во Источна Гута кај Дамаск, но на почетокот на август месец откриено е дека тој договор го потпиша само една бунтовничка група. Силите лојални на режимот на Асад и понатаму изведуваат артилериски и воздушни напади на Источна Гута.
Се очекува и постигнување на посебен договор за границите на Идлиб.