Sinan Balcıkoca
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во Чанаккале, во северозападниот дел на Турција, постевен е камен-темелник на мостот „Чанаккале 1915” и автопатот Малкара-Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, неговиот заменик, Нуман Куртулмуш, министерот за комуникации, поморство и сообраќај, Ахмет Арслан и други официјални лица, го положија камен-темелникот на мостот преку теснецот Дарданели. Во таа пригода, положена е временска капсула во која се ставени пари и порака.
Ова е прв весечки мост во теснецот Дарданели, а петти во регионот на Мармара. Мостот ќе има 6 сообраќајни ленти, по три во секој правец.
Се планира мостот Чанаккале 1915 да биде пуштен во употреба во 2023 година, кога ќе биде одбележана стогодишнината од оснивањето на Република Турција.
Овој мост, кој е еден од многуте турски мегапроекти, ќе ги поврзе Европа и Азија во уште една точка. Вредноста на проектот се проценува на околу 2,7 милијарди евра.
Мостот е со должина од 3.860 метри, односно подолг од 5 километри, сметајќи и и вијадуктите. Растојанието меѓу столбовите на мостот ќе изнесува 2.023 метри, симболички, во знак на одбележувањето на 100 годишнината на републиката во 2023 година.
По завршувањето на изградбата, тој ќе биде висечки мост со наголемо растојание меѓу бетонските носачи во светот.