Stipe Mayiç
17 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Претседателката од утрово ги прими на консултации претставниците на партиите и собраниските клубови. Според изјавите дадени по консултациите јасно е дека поголемиот дел од пратениците се за распуштање на парламентот и предвремени парламентарни избори во септември, јавува Anadolu Agency (AA).
По објавените консултации со претседателката, претставниците на Мост изјавија дека нивните 12 претставници за распуштање на Собранието на 15-ти јули со цел привремените избори да се одржат на почетокот на септември. Но, таа одлука е на претседателката, истакнаа тие.
Како причина за одржување на изборите во септември го наведоа тоа дека дел од граѓаните за време на летниот период работеле сезонски, а дел од нив биле на годишни одмори. Порачуваат дека се за се поголема излезност со цел идното парламентарно мнозинство да има што поголем легитимитет.
Роберт Подолњак истакна дека европската пракса е добра во тоа што парламентарните избори не се никогаш во јули и август. Ни една парламентарна држава не ги одржа изборите во тие летни месеци поради тоа што излезноста на избори е многу помала и поголем дел од граѓаните не се наоѓаат на своите места за живеење.