Hande İlbeyi Canca
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган на централната церемонија на одбележувањето на 102. годишнина од битката на Чанаккале изјави дека турскиот народ на Западот ќе му даде најдобар одговор на 16. април, ден кој е предвиден за одржување на референдум за низа уставни промени, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во таа прилика потсети на битката одржана 1915. година во која страдаа голем број луѓе.
Потсетуваме, Поморската битка, која се случи помеѓу 3. ноември 1914 година и 18. март 1915. година, водена е кај Галиполе, како и копнетата битка која се одвиваше на Галиполе од 25. април 1915 до 9. јануари 1916. година, се битки кои заземаат најзначајно место во историјата на Турција, но и пошироко.
Претседателот на Република Турција потсети во таа прилика на борбата против тероризмот која Турција ја води во рамките на државата, но и надвор од своите граници.
Освен тоа, претседателот Ердоган потсети и на случувањата од 15. јули 2016 година кога воени лица лојални на терористичката организација ФЕТО се обидоа да изведат државен удар во Турција.
„Сега сите одговараат пред судовите. Она што го признаа кога беа фатени, сега сите го негираат. Нека неираат колку сакаат, ние имаме 249 херојски загинати граѓани, 2.193 ранети. Станува збор за земја која сакаа да ја окупираат. Станува збор за народ чија независност и иднина беа под закана. Кој е одговорен за пролеаната крв на стотици? Таа вечер кој пукаше во своите браќа? Кој Со тенкови преминуваше преку нашите граѓани, кој нападна со топови, кој ги бомбардираше Собранието, претседателската палата и центарот за специјални операции? Сите се фатени на дело. Овие убици и нивните поддржувачи, кои да се, ќе ја добијат заслужената казна”.
Ердоган потсети и на неодамнешните случувања кога на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу не му беше дозволено да допатува во Холандија, а на министерката за семејство и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја не и беше дозволено да се состане со турските државјани во таа западноевропска земја.
„Што и да направите, не можете да го натерате народот на оваа држава да се отргне од својот пат. Се надевам дека мојот народ на 16. април на демократски начин ќе го даде најдобриот одговор на ваквиот став на Западот”, рече Ердоган.
Додаде дека турските функционери не можеа да влезат во сопствениот конзулат.
„Во меѓународното право не постои затворање врата на министер. Доколку продолжите така, како одговор и реакција ќе го добиете истото од Турција. Зошто вас ве засега референдумот на кој ќе гласа народот? Но не е така. Тие многу доборо знаат ваквата измена од какво значење е за Турција", изјави претседателот Ердоган.