Ata Ufuk Şeker
17 Септември 2016•Ажурирано: 17 Септември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Европската унија (ЕУ) најави дека на Бугарија ќе и се даде итен фонд за поддршка од 108 милиони евра за гранична безбедност и управување со миграции, јавува Anadolu Agency (AA).
Комесарот на ЕУ за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос, во неговата изјава во врска со темава рече:
„Комисијата на ЕУ на сите земји на ЕУ им обезбедува поддршка за бегалската криза. Управувањето на надворешните граници на Бугарија на ефективен начин е од клучна вредност за ЕУ".
Кажувајќи дека Бугарија оваа финансиска поддршка ја побарала вчера, Аврамопулос потенцираше дека ова барање се одобрило на брз начин.
На овој начин ЕУ на Бугарија ќе и овозможи средствата да ги користи за причекување на бегалците, зголемување на капацитетите за барањата на азил, како и за зајакнување и надзор на гранична контрола.