Fatma Esma Arslan
28 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ПЈД/ПКК малезискиот авион кој беше урнат во Украина, на социјалните мрежи го споделија наведувајќи „Авион на ТСК соборен во Африн“ со цел омаловажување на операцијата „Маслинова гранка“ која ја покренаа Турските вооружени сили (ТСК) против терористичките позиции во Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Откирено е дека фотографијата споделена на социјалните мрежи од страна на поддржувачите на оваа организација со напис „Турција за цел ги има децата во Африн“, е фотографирана на 18 мај 2015 година на којашто се забележува како децата ги затвараат своите уши поради страв од звукот на експлозијата.

Исто така, откриено е дека фотографијата „Авион на ТСК соборен во Африн“ споделена на социјалните мрежи, всушност е фотографија од остатоците од авионот на малезиската авиокомпанија кој беше урнат во јуни 2014 година во Украина.
Од друга страна, фотографијата насловена како „ЈПГ врши интензивен ракетен напад во Африн“, всушност е снимена на 23 март 2011 година во Либија.

Кампањата на оцрнување на операцијата „Маслинова гранка“ на Турските вооружени сили(ТСК)влезе во ќорсокак откако AA докажа дека во оваа кампања се користат фотографии кои им припаѓаат на други минати настан.

Поддржувачите на терористичката организација ја користеле и првонаградената фотографија на натпреварот İstanbul Photo Awards 2016, организиран од Anadolu Agency, и ја прикажале дека е фотографирана во Африн. Тие исто така на социјалните мрежи споделија фотографија за која тврдеа дека претставува ‘турски авион соборен во Африн од страна на ЈПГ’. Се докажа дека фотографијата прикажува авион за акробатски летови кој на 16 март 2015 година падна во Малезија.