Kasım İleri
07 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за одбрана на САД (Пентагон) соопшти дека администрацијата на Доналд Трамп сака да ги продолжи операциите во Рака, во соработка со Сириските демократски сили (СДС), кои се предводени од страна на ПЈД/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговорно лице од Пентагон, кое сакаше да остане анонимно, за АА даде своја процена околу информациите што се појавија во американските медиуми, во кои се наведува дека Пентагон бара на СДС да ѝ се даде поголема воена помош во операциите за Рака, и истовремено се истакнува потребата САД да учествува со поголем број на војници во овие операции на теренот.
Официјалното лице од Пентагон рече: „Кон крајот на денот, Пентагон ќе ја донесе својата одлука, но засега нашето партнерство и соработка со СДС продолжува. Постојат голем број причини за промена на оваа соработка. Доколку администрацијата на Трамп сака таму да направи нешто различно или на теренот да испрати војници, тоа би било една од опциите, но во моментов нема потреба од менување на планот што е во тек“.
- „Ќе бидат опремени против секој вид закана“ -
Ова официјално лице од Пентагон истакна дека групите ќе добијат поддршка против сите видови закани со кои би можеле да се соочат.
„Видовте дека им доделивме блиндирани возила за заштита од рачно изработените експлозивни направи. Ќе ги опремиме со сѐ што е потребно против секаков вид закана, но оваа опрема ќе ѝ биде доделена само на сириската арапска коалиција на СДС“, додаде тој.
Анонимниот официјален извор од Пентагон истакна: „Не сакаме да правиме притисок врз администрацијата“, но го бранеше ставот дека продолжувањето на операциите во Рака заедно со СДС е приспособлив и добар избор.