Emre Gürkan Abay
11 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
МОСКВА (АА) – Патнички авион кој полетал од рускиот главен град, Москва, во кој се наоѓале 71 лице, падна во областа Раменскоје во близина на Москва, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на руското Министерството за итни состојби се наведува дека авион на авиокомпанијата „Саратов“ од типот „Antonov An-148“ полетал од аеродромот Домодедово во Москва, а 10 минути по полетувањето бил изгубен контактот со авионот.
Се истакнува дека во авионот, во кој се наоѓале 65 патници и 6 членови на екипажот, паднал во областа Раменскоје, југоисточно од Москва, и дека голем број спасувачки тимови и амбулантни возила се наоѓаат на местото на несреќата.
Според соопштението, рускиот министер за транспорт го посетил местото на настанот, а започната е и истрага за несреќата.