Özcan Yıldırım
16 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили на 146. ден од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, која се спроведува во северниот дел на Сирија, уништија 180 упоришта на терористичката организација ДЕАШ, а 18 терористи се неутрализирани, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата против терористичката организација ДЕАШ во Сирија започна на 24 август 2016 година.
Во акцијата се уништени засолништа на терористичката организација, одбранбени позиции, штабови, ракетни фрлачи, како и возила и оружје.
Авионите на Вооружените сили на Турција на подрачјето на Ал Баб уништија осум упоришта, меѓу кои неколку објекти и две возила со експлозив.
Тимовите на контрадиверзионата заштита, во рамките на поддршка на опозициските сили на подрачјата ослободени од ДЕАШ уништија шест експлозивни направи од рачна изработка. На тој начин, до денес се уништени 2.933 направи од овој вид и 43 мини.