ИСТАНБУЛ (AA) – Во обвинението на Обвинителството во Истанбул покренато против структурите на терористичката организација ФЕТО, надвор од границите на Турција, се наведува дека тие се оформени во 110 земји, а станува збор за 4.167 лица против кои се води истрага, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обвинението се наведени статистички податоци за структурите на ФЕТО во странство, стратегиите, школите кои ја помагаат организацијата, како и за нивните активности.
Се додава дека припадниците на организацијата користеле различни стратегии, приспособени на земјите во кои сакаа да имаат свои структури, а сѐ со мислата и филозофијата која се базира на блискоста на избраните и владејачките кругови на лидерот на организацијата, Фетула Ѓулен.
Кажано е и дека тие структури во странство се во тестна фаза, која започнала во средишните делови на Азија. Своите активности ги ширеле кон другите континенти и оформиле центри, школи, здруженија и фирми, преку кои спомнатите земји станале привлечни за припадниците на организацијата
Се наведува дека организацијата своите школи во најголем дел ги основала во сиромашните земји, односно во такви подрачја од причина што локалното население, поради технологијата и квалитетот на образование поголем од оној кој го пружале другите школи, покажувало сѐ повеќе интересирање.
„Пред ова зголемено побарување, организацијата сѐ почесто започнувала да бира ученици, а барани се и школарини. Исто така, вршени се и активности за уверување на бирократите во земјите во кои школите се отворани за во нив да ги запишат своите деца“, се истакнува во обвинението.
Кажано е и дека лицата кои ги плаќале трошоците на школите во странство, биле наградувани за својата работа во таа земја.
„Исто така, организацијата отворала школи под називот „international school“. За таквите школи да можат да бидат отворени, потребна е дозвола од Велика Британија, а и патентот ѝ припаѓа на таа земја. Дел од наставниот кадар е биран од земјите во кои се говори англиски јазик“, се додава во обвинението.
Се наведува и дека официјалниот јазик во тие школи бил англискиот, а турскиот изборен предмет. На тој начин припадниците на ФЕТО се обидувале да ја зголемат популарноста на школите меѓу уважените личности во земјата, а организацијата со посредство на учениците имала за цел да влијае на политичките, економските и на општествените случувања.
Една од стратегиите на организацијата била поистоветување и во верска смисла со луѓето на подрачјата во кои дејствуваат, за да биде остварена врска со луѓето, а со самото тоа и со потенцијалните членови на организацијата кои подоцна ќе ги усвојат идеите на организацијата и на лидерот Ѓулен.
Кажано е дека се воспоставени дијалози со христијанските и еврејските организации кои делеле исти или слични идеи.
Во обвинението се наведува дека врските со Турција на образовните институции на организацијата кои дејствувале во странство, се одвивале под контрола на Меѓународната федерација на ученици и култура „Џихан“ (CIHANFED). Се додава дека Федерацијата била задолжена за образовните институции во странство, именување на наставниот кадар, за службите за студентски прашања и за посета на Турција.
Наведени се и имиња на сите школи во странство, како и активностите на организацијата во САД.
Опишано е и дека Ѓулен, набргу откако во Турција е екстрадиран лидерот на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан, отпатувал во САД и таму добил можности и одредени бенефиции, невидени во другите земји од Западот. Исто така, на Ѓулен, врз основа на препорака на членови на американската разузнавачка служба ЦИА, американскиот суд му одобрил барање за „зелен картон“ (Green Card), по што добил дозвола за престој.
Се наведува и дека тој, по доаѓањето во САД, со поддршка на ЦИА го интензивирал „меѓурелигискиот дијалог“ и започнал да ја следи стратегијата базирана на „универзални мировни принципи“. Во САД, во рамките на Федерацијата „Turkish American Alliances“ основани се 165 - 170 фирми и здруженија. Исто така, со посредство на школи, културни центри и други институции, на организацијата ѝ е овозможен пристап до американските функционери на неколку нивоа на власта.
Во обвинението се наведени и имиња на невладини организации во САД, со напомена дека припадниците на ФЕТО, активностите, освен во Америка, ги воделе во Европа, Азија и Африка, односно во оние подрачја во кои имале свои школи, компании и здруженија.
Се истакнува и дека целта на ФЕТО биле деца на бизнисмени, војници и државни функционери во балканските, африканските и во другите земји, и преку наводно образование да се наметнат идеи на организацијата што подоцна би довело до политичка контрола и управување со државата.
„Видливо е дека реалната цел на терористичката организација, била, под плаштот на образование во школите на оваа организација да добива безбедносни и разузнавачки информации во земјата во кои има свои активности и да влијае на странските разузнавачки служби, како што е ЦИА, американската разузнавачка служба од која лидерот на терористичката организација добил заштита и со која е соработувано.“