Hakan Ceyhan Aydoğan
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Според неофицијалните резултати на рускиот Централен комитет за избори, на вчераодржаните избори за пратеници во руската Дума, Долниот дом на рускиот Парламент, со 54,28 отсто води партијата Обединета Русија, чиј претседател е премиерот Дмитри Медведев, позната и како партија на Путин, потоа следи Комунистичката партија со 13,45 отсто, Либерално-демократската партија со 13,24 отсто и Правична Русија со 16,7 отсто. Останатите партии не успеаја да го минат баражот од 5 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Процентот на излезност на изборите изнесува 47,81 отсто, што претставува најмалата излезност во изборната историја на руската Дума. Особено во големите градови, како што се Москва и Санкт Петербург, излезноста на гласачите била мала. Во 2011 година, на изборите за Думата гласале 60,21 отсто од гласачите.
Думата се состои од 450 места, од кои 343 се за претставниците на Обединета Русија, која го има мнозинството во Долниот дом, со што има можност да ги менува уставните закони.
Се очекува официјалните резултати од изборите во Русија да бидат објавени во наредните неколку дена.