Aldıjana Hadzıc
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1735 - Американскиот претседател и научник Бенџамин Френклин, објави дека измислил бифокални очила кои во горниот дел имаат леќи за гледање на далечина, а во долниот дел леќи за гледање на близина.
1823 - Роден е хрватскиот државник Анте Старчевиќ. Тој почина на 28-ми февруари 1896.
1903 - Првиот автомобил премина од едниот на другиот крај на САД, поточно од Сан Франциско во Њујорк.
1915 - Италија ѝ објави војна на Австро-Унгарија.
1933 - Родена е актерката Џоан Колинс.
1934 - Најславниот пар познат по кражби, Бони и Клајд, убиени се во САД. Бони Паркер и Клајд Бароу ограбуваа продавници, бензиски пумпи и банки во САД за време на големата депресија, а покрај материјална штета во своите походи извршија и низа убиства. Загинаа во отворена престрелка со полицијата, а во телото од секој од нив наводно имале 25 куршуми.
1837 - Почина бизнисменот Џон Дависон Рокфелер. Основач е на династијата Рокфелер, која своето богатство го стекна во нафтената индустрија.
1945 - Винстон Черчил поднесе оставка на место премиер на Велика Британија.
1945 - Хајнрих Химлер, командантот на СС и Гестапо и еден од најмоќните луѓе на нацистичка Германија, изврши самоубиство.