Admir Fazlagic
23 Март 2016•Ажурирај: 24 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за правда Аднан Јашари ги пречека на заедничка средба амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли и амбасадорот на ЕУ во земјава Аиво Орав, соопштија од ова ресорно министерство, пренесува Anadolu Agency (AA).
"На средбата министерот Јашари и амбасадорите Бејли и Орав дискутираа првенствено за општата политичка состојба во земјава , како и за последниот извештај на Венецијанската комисија, кој се однесува на Законот за приватност и Законот за заштита на укажувачите, а кои произлегуваат од договорот меѓу четирите политички партии од одржаните преговори за имплементација на договорот на Скопје" , пишува во соопштението.
Според истото соопштение, дел од разговорот бил и Избирачкиот законик и вкрстеното разгледување на податоците од ДИК за идентификација на фиктивните гласачи.
Министерот Јашари им се заблагодари на амбасадорите Бејли и Орав за нивниот интерес, и истовремено изрази спремност да придонесе за брзото надминување на политичката криза.
И амбасадорите на САД и ЕУ изразиле благодарност за ангажирањето и посветеноста на Министерството за правда во насока на разрешувањето на политичката криза.