Besar Ademi
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорот на Европската унија (ЕУ) во Македонија, Аиво Орав, во промовирањето на три годишниот проект "Мрежа на новинарите за слобода на медиумите", со финансиска поддршка во износ од 200 илјади евра од ЕУ, рече дека слободата на медиумите во Македонија е навистина сериозен предизвик и има многу недостатоци, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот Орав истакна дека ЕУ во главната агенда продолжува да ја одржува слободата на изразување на медиумите, без разлика дали е или не е европска земја.
"Слободата е во директна врска со демократијата и претставува клична компонента на демократска влада. Предизвиците на медиумите во вашата земја се повеќе недостатоци и несоодветни информации. Новинарите немаат целосен пристап до информации од јавен карактер и финансирањето на медиумите не е доволно јасно и транспарентно ", рече амбасадорот на ЕУ.
Орав додаде дека проектот кој се промовираше денес има задача да придонесе за промена на оваа состојба, со цел да се создаде повеќе релаксирана атмосфера во работата на новинарите и нивната професионалност.
Од другата страна, претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани рече дека проектот кој ќе се реализира до 2019 година има за цел промовирање и развој на животната средина за правата на новинарите, како и подобрување на известувањето според професионални и етички стандарди.