Handan Kazancı
23 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
БРИСЕЛ (АА) - Меѓународниот суд на правдата денес донесе пресуда дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги прекршиле правата на граѓаните на Катар преку блокадата што ја наметнаа на својот сосед во Персискиот Залив пред повеќе од една година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во јуни, Катар поднесе жалба против Обединетите Американски Емирати (ОАЕ) пред Меѓународниот суд на правдата за кршење на човековите права“, се вели од Министерството за надворешни работи на Катар.
„Државата Катар иницираше процедура против ОАЕ пред Меѓународниот суд на правдата за кршење на човековите права“, беше објавено на официјалниот профил на Министерството на Твитер.
Односите меѓу Катар и Обединетите Арапски Емирати се заладени од јуни 2017 година, кога Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа дипломатските и трговските односи со Доха, обвинувајќи ја за поддршка на тероризмот.
Четирите држави му се заканија на Катар со дополнителни санкции, доколку не ја реализира листата со барања, меѓу кои беше и затворањето на медиумската куќа „Al-Jazeera“ (Ал Џезира).
Но, Катар одби да ја реализира листата, отфрлајќи ги обвинувањата и опишувајќи го наметнатото ембарго, предводено од Саудиска Арабија, како кршење на нејзиниот национален суверенитет.