Cüneyt Karadağ
25 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел, во врска со ратификувањето на Договорот за Брегзит истакна дека е трагично тоа што Велика Британија, по 45 години ја напушта Европската Унија (ЕУ), но дека ја почитуваат одлуката на народот на Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел, на прес-конференција во Брисел нагласи дека го опишува како историски денешниот ден, како и состанокот на Советот, упатувајќи благодарност до оние кои придонесувале во подготвувањето на политичката Декларација.
„Денес е еден историски ден кој предизвика бројни неопределени емоции. Трагично е што Велика Британија по 45 години ја напушта ЕУ, но ја почитуваме одлуката на нејзиниот народ“, додаде таа.
Меркел истакна дека постојат потребни гаранции во однос на прашањето за граничната контрола меѓу Северна Ирска и Република Ирска, и дека и покрај тоа што Британија ја напушта ЕУ, таа ќе продолжи да биде европска земја.
Германската канцеларка нагласи дека напуштањето на Унијата од страна на Велика Британија е трагично, но според неа, постигнувањето договор го олеснува тоа.
Прашана што ќе се случи во случај британскиот Парламент да не го ратификува Договорот за Брегзит, Меркел рече дека нема да одговара на шпекулативни прашања.