Şerife Çetin
25 Ноември 2018•Ажурирај: 26 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот совет соопшти дека се ратификувани Договорот за напуштање на Британија од ЕУ и политичката Декларација која во иднина ќе ги определи односите меѓу ЕУ и Британија, и упати апел до Европската комисија и Европскиот парламент за преземање потребни чекори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во завршната Декларација прифатена во рамките на Самитот на лидерите на ЕУ, се наведува дека Европскиот совет го ратификуваше Договорот кој на Велика Британија и Северна Ирска им овозможува да ја напуштат ЕУ.
Во оваа Декларација се упатува апел до Европската комисија и Европскиот парламент за преземање потребни чекори, со цел Договорот да стапи во сила на 30 март 2019 година.
Во Декларацијата се нагласува дека во овие рамки е ратификувана и политичката Декларација која во иднина ќе ги определи односите на Европскиот совет со Британија и Северна Ирска, и дека ЕУ е одлучна во иднина да има колку што е тоа можно, блиски односи со Британија.
Се предвидува текстот на Договорот за напуштање на Унијата, подготвен од страна на преговарачите на ЕУ и Британија, да овозможи правна јасност по сите прашања кои ќе произлезат како резултат на Брегзит.
Целта на овој Договор е да им се овозможи на граѓаните на ЕУ и Британија, да продолжат да живеат во земјите во кои живееле претходно, да работат, да се образоваат и да ги користат социјалните права во тие земји.
Во Договорот се наведува дека финансиските ветувања ветени претходно од страна на 28 земји членки на ЕУ ќе бидат целосно исполнети од страна на Британија. Договорот вклучува заеднички решенија во области како Европската заедница за атомска енергија (Евроатом), права на интелектуална сопственост, географски знаци, регистрирани трговски производи и заштита на лични податоци.
Исто така, овој Договор вклучува решение за граничното прашање меѓу Република Ирска која е членка на ЕУ, и Северна Ирска која е дел на Британија.
Со референдумот одржан на 23 јуни 2016 година, Британија донесе одлука за напуштање на Европската Унија. Британија на 29 март 2019 година официјално ќе ја напушти ЕУ.