Yusuf Özcan
22 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Mакрон и италијанскиот премиер Паоло Џентилони се согласија околу потребата за реформирање на Европската Унија, што беше главна тема на синоќешната средба во Елисејската палата во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Непосредно пред почетокот на состанокот, Maкрон им се обрати на новинарите и рече дека во процесот на потребните реформи на Европската Унија сака да работи со своите сојузници, но главно со Италија и со Германија.
Тој истакна дека во процесот на реформите е потребно да се направат серија краткорочни и долгорочни потези, како и дека треба да се воспостави единствен буџет за еврозоната. Макрон додаде дека Европската Унија недоволно одговора на жалбите на Италија за помош во грижата за бегалците.
И премиерот на Италија, Џентилони, изјави дека Европската Унија мора да биде многу посилна и поблиска до своите граѓани.
Изразувајќи задоволство дека во процесот на реформите на Италија за партнер ќе ја имаат Франција, Џентилони изјави дека Европа треба да развие унифицирана политика за решавање на мигрантската криза, а паралелно со единствената валута, да се развие единствена банка.
Џентилони истакна дека неодамнешната победа на Maкрон на француските претседателски избори им влеало многу надеж и верба на луѓето во Европа.