Murat Ünlü
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дриан изјави дека терористичката организација ДАЕШ се повлекува во добра мерка, и дека со одлучната акција е можно да се искорени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ле Дриан гостуваше на француското радио 'FranceInfo', и по тој повод истакна како за поразот на ДАЕШ во Сирија и Ирак е непоходно заеднички да се делува.
"ДАЕШ се повлекува во добра мерка. Сметам дека терористичката организација загуби помеѓу 20 и 40 отсто од териториите окупирани во Ирак и Сирија", изјави Ле Дриан.
Тој додаде дека меѓународната коалиција им пружа поддршка на курдските и ирачките сили, а како што изјави, овие сили планираат да го ослободат ирачкиот град Мосул и сирискиот град Рак.
Ле Дриан исто така нагласи дека е оптимист кога станува прашање на борбата против ДАЕШ, и додаде "Постои можност да се искорени ДАЕШ. Мора да бидеме одлучни".