Ali Cura
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
МАРИУПОЛ (АА) - Претседателот на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц изјави дека освен ОБСЕ, за обезбедување прекин на огнот во источна Украина потребно е да се заложат и раководствата од Киев и од Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата со министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, во врска со ситуацијата во Донбас, Курц се обрати на заедничката прес-конференција.
Тој рече дека ОБСЕ во Украина е во специјална набљудувачка мисија по прашањето за обебедување прекин на огнот во Донбас, но истакна дека притоа наишле на тешкотии. „Ќе направиме сѐ што е потребно за да можеме нашата набљудувачка должност во мисијата на целата територија од Донбас да ја направиме да биде колку што е можно поефикасна“, изјави Курц.
Курц истакна дека во подрачјето нема да бидат доволни само напорите од страна на специјалната мисија: „Затоа, потребно е покрај мисијата, да се заложат и носителите на одлуки, подрачните претставници, Киев и Москва“.
Министерот за надворешни работи на Украина, Климкин изјави: „За да се спроведе договорот од Минск, потребно е да се зголемат санкциите кон Русија. Доколку (Русија) го спроведе Договорот од Минск, тогаш би започнало укинувањето на санкциите“.