Zülfiya Yakup
23 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
ПРИШТИНА (АА) – Поштенските филателии на Косово и на Македонија, денеска во Приштина, ја промовираа првата заедничка програма на поштенски марки посветени на планинскиот туризам, односно на Шар Планина, јавува Anadolu Agency (AA).
Денешната промоција на заеднички поштенски марки на поштата на Косово и Македонија, ги претставува мотивите на Брезовица, кој припаѓа на северниот дел на Шара во Косово, како и во јужниот дел на Македонија, каде што e ски центарот Попова Шапка.
"Лансирањето на поштенски марки со пораката "Дојдете и уживајте во убавините на Шара, Брезовица и Попова Шапка во секое време и во текот на годината" е на врвот на договорот за соработка помеѓу двете јавни претпријатија на двете земји", изјави претседателот на Одборот на директори на Поштата на Косово, Халит Исуфи.
“Шара е многу атрактивен ресурс со поволна клима за туризам, спорт и рекреација во текот на целата година. Тоа е идеална зона за рекреација и скијање во текот на целата зима, но погодна е и за пешачење во природа и шумски велосипедизам во текот на летото", рече Јусуфи.
Тој нагласи дека мисијата на Филателијата на секоја држава е да се промовираат вредностите и националното богатсво преку слики пренесени со поштените марки, и поштата на Косово и Македонија избра да ги презентираат прекрасните погледи на Шар Планина, бидејќи се наоѓа од двете страни на границата на двете земји.
Фадис Реџепи, генерален директор на Македонска пошта, рече дека преку ова марка авторите им понудиле поглед на Шар Планина, Брезовица и Попова Шапка.
“Поштенската дејност ги руши бариерите. Таа претставува мост на спојување помеѓу земјите и различните култури. Со овие маркици го поддржуваме туризмот во двете земји, Македонија и Косово", рече Реџепи.
Тој исто така изрази задоволство поради тоа што по кратко потпишување на меморандумот за соработка помеѓу двете Пошти дојде и до негова реализација.