Barış Seçkin
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
РИМ (AA) – Италијанците утре ќе излезат на гласачките места и ќе гласаат на референдумот за измените на усавот кој би можел да донесе значителни промени кога е во прашање законодавната структура во оваа земја, пишува Anadolu Agency (AA).
Италијанскиот законодавен систем од 1946 година наваму функционира низ два дома на парламентот, а се очекува дека референдумот би можел во значителна мерка да ги измени овластувањата на Сенатот, што би резултирало со висока ефикасност во целокупниот законодавен систем.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи во Италија, во оваа земја моментално има 46.714.950 регистрирани гласачи, а тие на референдумот ќе може да гласаат помеѓу 7 и 23 часот. Прелиминарните резултати од референдумот се очекуваат во текот на ноќта од недела кон понеделник.
Нагласено е дека 3.995.042 државјани на Италија кои живеат во странство би можеле да гласаат во амбасадите и конзулатите на Италија, како и дека гласањето надвор од државата е завршено вчера.
Последен референдум во Европа и нивните најави имаа приличен одек, посебно по јуни кога Британците го изгласаа Брегзит, излегувањето од ЕУ. Освен членките на ЕУ, во Италија се вперени очите на светските берзи кои стравуваат од загрозување на курсната листа на еврото.
Станува збро за најзначајниот референдум во таа земја уште од Втората светска војна кој има ја има за цел политичката стабилизација во земјата која од 1946 година смени 60 влади.
Премиерот Матео Ренци, кој е и своевидна локомотивна на референдумот, изјави дека граѓаните на Италија на овој референдум ќе гласаат за иднината на својата земја во наредните 20 години.
Ренци најави дека ќе поднесе оставка доколку на референдумот победи не, односно доколку не се поддржи предлогот од предложените закони во иднина треба да бидат одобрени само од долниот дом на парламентот, за разлика од сегашниот систем кој бара одобрување од двата дома.
Доколу Италијанците кажат „да" на реформите, тоа ќе доведе до поедноставување на законодавниот систем, со оглед дека веќе нема да постои горен и долен дел на парламентот.
Со оставката на Ренци би се отворил патот на популистичкото движење „Пет sвездички" (M5S) на кое се повеќе му расте популарноста, а кој од порано се залага за регерендум за излегување на единствената европска валута.
Анкетите во Италија покажуваат дека повеќето граѓани не сакаат уставни промени.
Истите анкети, како што пишуваат светските медиуми, не се покажаа веродостојни во „случајот Брегзит", и „случајот на победата на Доналд Трамп во Америка".