Handan Kazancı
23 Ноември 2017•Ажурирај: 24 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Вкупно 20 лица, меѓу кои 16 странци, се приведени за време на денешните симултани операции во Истанбул, поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата ги спроведе операциите откако добила информации дека осомничените планирале напад, истакна извор, кој сакаше да остане анонимен.
Извршени се рации на девет адреси во истанбулските населби Багџилар, Бајрампаша, Бејликдузу, Кулукчекмеџе, Умраније и Пендик.
Турските безбедносни сили се вклучени во долготрајна кампања за спречување на нападите од страна на ДЕАШ.
Од август минатата година истанбулската полиција изврши најмалку 100 операции и приведе речиси 1.000 осомничени лица.