Турција

Истанбул: Погребан доајенот на фотографијата, Ара Ѓулер

Денеска е погребан мајсторот на фотографијата, Ара Ѓулер, кој почина во 90. година од животот во болницата „Флоренс Најтингејл“.

Hikmet Faruk Başer  | 20.10.2018 - Обновена : 21.10.2018
Истанбул: Погребан доајенот на фотографијата, Ара Ѓулер

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Денеска е погребан мајсторот на фотографијата, Ара Ѓулер, кој почина во 90. година од животот во болницата „Флоренс Најтингејл“, јавува Anadolu Agency (AA).

Првата комеморација за Ѓулер се одржа на Плоштадот „Галатасарај“. По комеморацијата, Ѓулер, покриен со турско знаме, со аплауз од присутните, ставен е на погребното црковно возило и префрлен е во ерменската црква на Бејоглу.

Погребната поворка до вратата на црквата ја следеа заменик-претседателот на Турција, Фуат Октај, портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури и портпаролот на АК партијата, Омер Челик.

Со литургија во ерменската црква во Бејоглу раководеше патријарх Арам Атешјан од Ерменската патријаршија во Турција. На комеморацијата беше прочитана и пораката што по повод смртта на Ара Ѓулер ја испрати претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

По одржаната литургија, ковчегот со посмртните останки на Ѓулер беа пренесени во погребното возило.

Ара Ѓулен беше погребан на ерменските гробишта во населбата Шишли.

Од друга страна, во гробот на Ара Ѓулер, заедно со неговиот ковчег беа погребани и земја и храна донесени од селото Шебинкарахисар, од кое потекнува неговиот татко.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.