Sibel Uğurlu
25 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
БУРСА (АА) - Напуштената 300 години стара ерменска црква во Турција беше ставен на продажба по цена од 1,5 милиони долари (1,36 милиони евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Огласот на интернет сајтот за продажба на имотот Сахибионден, покажува трошна трикатна куќа во Бурса, во северозападна Турција. Зградата се наоѓа во близина на гробот на петтиот османлиски султан Мехмед I и гробот од 14-ти век, на неговиот советник и посинок Бајазит I.
Тајфун Oзенгирлер, агент за недвижности вели дека во населбата Сетбаши во 1986 година е регистрирана како историски споменик.
"Областа каде што се наоѓа црквата, некогаш била населена со Ерменци. Можете да ја почувствувате историјата на секој чекор. До сега имаше голем број на заинтересирани, но никој сè уште не понудила одредена сума на пари ", рече Oзенгилрлер за Anadolu Agency (АА).
Бурса беше главен град на Отоманската империја пред заземањето на Константинопол, денешен Истанбул, во 1453 година. Таа беше центар на ерменската култура, додека седиштето на Патријаршијата на ерменската црква беше токму во населбата Сетбаши до преселување во Истанбул.