Ekipa
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - На митингот кој се одржува денес во Истанбул со поддршка на бројни невладини организации, пристигнуваат голем број на граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
Митингот се одржува во Јеникапи, a поставена е платформа и екрани преку кои граѓаните го следат случувањето.
Засилени се мерките за безбедност, а на влезот се делат знамиња на Турција и на Палестина.
На теренот се наоѓаат бројни екипи на итната медицинска помош и амбулантни возила.
На просторот каде што се одржува митингот, може да се забележат транспаренти на кои пишува „Израел, ќе се задушиш во крв“, „Нека е проклет Израел“ и други.
Израелската полиција на 14 јули во Ал-Акса усмрти тројца Палестинци за кои тврдеше дека учествувале во оружен напад. После тоа, Ал-Акса беше затворена за молитва.
На 16 јули, двата влеза во Ал-Акса се отворени, но на нив беа поставени детектори за метал.
Палестинците по поставувањето на детекторите, молитвите ги извршуваа во близина на Ал-Акса, а често доаѓаше до интервенција на израелската полиција.