Halil Demir
03 Август 2018•Ажурирај: 04 Август 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на операцијата против терористичката организација ДЕАШ спроведена во турскиот град Истанбул, приведени се 38 странци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, тимовите на Дирекцијата за борба против тероризам започнаа операција за фаќање на осомничените кои вршеле активности во име на ДЕАШ, и биле во подготовка за активност.
Во рамките на оваа истрага, извршена е истовремена операција во 12 места во 6 подрачја, при што се приведени 38 осомничени странци, а запленети се голем број документи на оваа организација и дигитални материјали.
Продолжува понатамошната процедура за приведените во полиција.