Haydar Hadi
05 Ноември 2016•Ажурирано: 06 Ноември 2016
МОСУЛ (АА) - Дваесеттиот ден од ослободувањето на ирачкиот град Мосул, од терористичката организација ДЕАШ, ирачките сили ја ослободија стратешката област Хамам Ал Алил, јужно од Мосул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува ирачката државна телевизија, ирачките сили и полицијата утрово на три страни влегле во Хамам Ал-Адил, и дека ја презеле контролата од терористите на ДЕАШ.
По ослободувањето на теренот во државните институции беа истакнати и ирачки знамиња.
Инаку, Хамам Ал Алил се наоѓа на околу 30 километри од градот Мосул, а важи за „последното упориште" на ДЕАШ јужно од градот.
Ирачката армија на 18 октомври подпомогната од воздух американската водухопловна коалиција, започна офанзива за преземањето на Мосул, кој е втор по големина ирачки град, откако беше окупиран од страна на ДЕАШ во средината на 2014 година.
Најголем дел од селата во предградието на градот се слободни од ДЕАШ.