İdris Okuducu
22 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
МОСУЛ (АА) - Во источниот дел на Мосул, терористичката организација ДЕАШ изведе самоубиствен напад во кој животот го загуби еден цивил, а ранети се повеќе од 30 лица, меѓу кои има и војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Генерал-мајорот на ирачката армија, Азиз Халид, за АА изјави дека се случил самоубиствен напад во источниот дел на градот, во квартот Ѓокчели, во чија близина се наоѓаат центарот за безбедност и народниот пазар. Ова подрачје пред два месеца било ослободено од рацете на ДЕАШ.
Генерал-мајорот Халид изјави дека нападот бил изведен со три возила-бомби, а притоа животот го загубил еден цивил, додека ранети се 30 лица, од кои 9 војници.
Ова е прв напад врз безбедносните сили во ослободената источна страна на Мосул.
По двонеделни борби, на 1 ноември безбедносните сили кои се дел од ирачката армија успеаја да го ослободат квартот Ѓокчели, кој се наоѓа на источниот влез во градот.