Haydar Hadi
27 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
БАГДАД (АА) - Премиерот на Ирак, Хајдар ал Абади, упати апел до војската да обезбеди контрола во спорните региони, пред сѐ, во Киркук, јавува Anadolu Agency (AA).
„Врз основа на одлуката донесена од страна на Парламентот, барам безбедносните сили на централната Влада да обезбедат контрола во Киркук и во спорните региони“, истакна Ал Абади во својот говор на вонредната седница на Парламентот, која се одржа поради нелегитимниот референдум на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак.
Ал Абади побара силите на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак да се повлечат од спорните региони, и контролата да ја предадат на централната власт.
Инаку, ирачкиот Парламент во понеделникот соопшти дека е донесена одлука за позиционирање на владините сили во спорните региони, со цел да се заштити безбедноста на жителите. Исто така, Парламентот донесе одлука за затворање на сите гранични премини што се под контрола на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак.