Besar Ademi
01 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
СКОПЈЕ (AA) – Два дена откако лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, дека обезбедил парламентарно мнозинство за формирање новата влада, со потписи на 67 пратеници од неговата партија, Демократската унија за интеграција (ДУИ), Движењето Беса и од Сојузот за Албанците, претседателот Иванов денеска изјави дека „нема да го додели мандатот на секој оној кој преговара за платофрми на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзнинот суверенитет и независноста", јавува Anadolu Agency (AA).
Според претседателот Иванов по изборите, Македонија се соочи со непријатно изненадување од една постизборна политичка платформа од туѓа држава. Како што рече тој, платформата е постизборен документ изработен и потпишан во туѓа држава во кабинет на странски државник и со посредство на премиер на туѓа држава.
„Содржината на платформата е надвор и од Уставот и од Охридскиот рамковен договор. Со оваа платформа се загрозува сувереноста и независноста на државата, доведувајќи ја во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Со оваа платформа , Република Македонија е уценета на нејзината унитарност, суверенитет и независност се загрозени", изјави Иванов.
Тој истакна дека наместо излез од политичката криза, поради платформата, Македонија завлезе во уште подлабока криза во која се доведоа во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани.
Додаде дека на средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, побарал тој јавно и јасно да ја отфрли и осуди албанската платформа, бидејќи, како што кажа, македонските граѓани на изборите гласаа за реформите и за исполнување на обврските од договорот од Пржино, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава.
Претседателот Иванов истакна дека од меѓународната заедница очекува јасно и јавно да ја осуди албанската платформа, која според него претставува безкурпулозно мешање во внатрешните работи и редединирање на унитарниот карактер на Македонија.
„Многу добро се сеќаваме дека меѓународната заедница излегуваше со такви ставови во случајот со други држави од регионот. За жал, во случајот со Македонија такво јавно осудување немаше. Ваквиот гласен молк ни потврди дека иднината на Македонија сега зависи само од нас, нејзините граѓани и нејзините институции", рече Иванов.
Исто така, тој изјави дека во согласност со неговата заклетва, ниту Уставот ниту совеста не му дозволуваат мандатот да го даде на секој оној кој го руши суверенитетот и независноста на Република Македонија.
Во врска со најавите дека ја злоупотребувал службената должност и дека можел да добе кривична пријава, претседателот Иванов рече дека ги охрабрува иницијаторите тоа и да го направат. Порача дека не постојат закани и уцени што ќе ме натераат да го прекрши Уставот.
„Но, истовремено ги охрабрувам да поднесат кривична пријава согласно Кривичниот законик на Република Македонија и против секој оној кој ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава" истакна претседателот Иванов.
- Заедничка платформа на албанските партии во Македонија -
Заедничката платформа на албанските политички субјекти во Македонија беше постигната по предвремените парламентарни избори на 11. декември минатата година, со посредство на премиерот на Албанија, Еди Рама.
Преку оваа заедничка платформа, која содржи неколку барања за правата на Албанците во Македонија, лидерите на албанските политички партии се обврзуваат дека нема да учествуваат во новата влада на Македонија доколку не бидат прифатени барањата наведени во платформата.