Furkan Naci Top
31 Август 2018•Ажурирај: 01 Септември 2018
АТИНА (АА) - Земјотрес со јачина од пет степени по Рихтер ја потресе Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Геолошкиот институт во Атина соопшти дека епицентарот на земјотресот е забележан на длабочина од 10 километри, на подрачјето на езерото Пластира, кое се наоѓа 230 километри северозападно од Атина.
Земјотресот го почувствуваа и жителите на Кардиса и Трикала, а во одредени подрачја дојде до појава на свлечишта, но не е забележана материјална штета.
Нема настрадани во земјотресот.