Hanife Sevinç
26 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на свеченото отворањето на третиот мост на Босфор, мостот "Јавуз Султан Селим", изјави дека до ниво на модерна цивилизација не се доаѓа со празни приказни, туку со конкретни дела, јавува Anadolu Agency (АА).
„Она што овој народ го заслужува сигурно ќе се случи. Но до ониво на одерна цивилизација не се доаѓа со приказни, туку со дела", рече претседателот Ердоган.
Тој истакна дека Турција последните неколку години чекор по чекор доживува економски напредок.
„Турција со проектите кои ги заврши, кои се во тек и кои треба да започнат, чекор по чекор забележува напредок. Сите показатели во турската економија, и покрај сите потешкотии, се движат впо позитивна насока. Иако минуваме проблематична година, се дижиме во позитивна насока", рече Ердоган.
На отворањето на третиот мост на Босфор, турскиот претседател најави нови проекти.
„Подготвуваме нови проекти. Завршуваме со подготовката на Каналот Истанбул. Тоа нема да биде доволно. Сега и на Чанакале му е потребна ваква бисерна низа. работиме на Мостот Чанакале. Се надевам дека сето тоа ќе ја издигне Турција во светски рамки. Зошто се љубоморни на нас? Поради сето ова", изјави Ердоган.
Зборувајќи за последните случувања во Турција, турскиот претседател истакна дека во Турција никогаш нема да има држава во држава.
„Никогаш нема да има држава во држава. Оние кои имаат такви намери, си ги собираат работите и си одат. Што рековме претходно? Ќе им влеземе во ќелиите. И им влеговме", рече Ердоган.
Тој додаде дека изведувачите на терористичкиот напад во Газиантеп го злоупотребиле зборот на Господ.
„Терористичкиот напад во Газиантеп нема врска со исламот. извршителите на нападот не се никакви муслимани. Крпата која ја носат во своите раце не е знаме. Не гледајте што таму пишува Господ и Мухамед. Тие го злоупотребија зборот Господ", рече Ердоган.
На крајот предупреди дека силите кои стојат зад терористичките организации, како што се ПКК, ДАЕШ и ФЕТО, да престанат да се занимаваат со турскиот народ.
Им се обраќам на силите кои стојат зад терористичките оргазиации, како што се ПКК, ДАЕШ и ФЕТО, кои ги извршија последните напади во Турција. Силите кои стоите зад овие терористички организации, доведете се во ред. Турција веќе не наседнува на овие игри и нема да наседнува повеќе. Престанете веќе да се занимавате со овој народ", порача претседателот Ердоган.