Burcu Çalık
30 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во врска со вчерашната акција на разузнавачките служби против припадниците на терористичката организација ФЕТО во Косово, изјави дека Турција ќе ги пронајде припадниците на ФЕТО, каде и да се кријат, а потоа ќе одговараат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата разузнавачка служба, во договор со косовската разузнавачка служба, презеде шест истакнати членови на ФЕТО на Балканот ги префрли и ги предаде на нашата полиција. Кажавме и претходно, тие ќе бегаат и ние ќе ги пронајдеме. Каде и да се наоѓаат, ќе ги донесеме. А потоа ќе одговараат“, порача Ердоган.