Diyar Güldoğan
17 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
КОЊА (АА) - Турција може започне воена операција источно од реката Еуфрат (Сирија) „во секој момент“, истакна денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние може да започнеме со нашата операција на сириска територија во секој момент, на кое било место, особено долж 500-километарската граница, без да им нанесеме штета на американските војници“, изјави Ердоган на свеченото отворање на плоштадот „Мевлана“ во турската област Коња.
Турскиот претседател нагласи дека Армијата завршила со подготовките за планираната операција, додавајќи дека Турција ќе го стори она што е неопходно кога станува збор за терористичките коридори источно од реката Еуфрат.
„Разговаравме со [американскиот претседател Доналд] Трамп. Терористите мора да ја напуштат источната страна на Еуфрат, и ако не заминат, ние ќе ги испратиме, бидејќи нè вознемируваат“, додаде тој.
Можната операција источно од Еуфрат за којашто турските власти говорат со месеци, ќе следува по двете успешни прекугранични операции на Турција во Сирија од 2016 година, а тоа се операцијата „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, кои беа спроведени со цел да се искорени присуството на терористите на ЈПГ/ПКК и на ДЕАШ близу границ на Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.