Andaç Hongur
21 Април 2018•Ажурирај: 22 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вечерва во Истанбул изјави дека Турција не сака никакви тензии со Грција и дека на двете земји им е потребен мирот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган гостуваше во емисија на турската телевизија NTV, каде што одговараше на прашањата на новинарите поврзани за актуелните случувања во Турција и регионот, меѓу другото, се осврна и на односите со Грција.
„Турција не сака тензии со Грција, потребен ни е мир. Ципрас (премиерот на Грција) е млад, динамичен, сака да направиме еден нов чекор, а така го доживеав и претседателот на државата за време на мојата последна посета“, истакна Ердоган.
Тој се осврна и на борбата против тероризмот, поконкретно, на поддршката што им ја даваат Соединетите Американски Држави (САД) на терористичките организации.
„Ние не сме во можност од САД за пари да купиме оружје, додека САД истото тоа оружје и муниција им ги дава бесплатно на терористичките организации. Значи, од каде доаѓа опасноста? Најпрвин од стратешките партнери. Во тоа е проблемот“, рече Ердоган, и продолжи:
„Рековме, ајде заедно да го решиме овој проблем. Ние со овој проблем се занимававме и за време на мандатот на Барак Обама. Тогаш со месеци се говореше за една операција, но не успеавме тоа да го направиме. Не успеавме затоа што тие постојано одолговлекуваа. Тогаш ние рековме и донесовме одлука тоа сами да го направиме“.
Кога станува збор за борбата против ЈПГ/ПКК во земјата и во северниот дел на Ирак, Ердоган откри дека во последните три години се неутрализирани 16.650 терористи.
Ердоган, исто така, додаде дека во Турција од различни земји досега се донесени 83 припадници на терористичката организација ФЕТО.