Meryem Göktaş
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека Турција е во преговори со САД и Русија за да се спречи дополнителното зголемување на тензиите во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Додека разговараме за сето ова, прашањето за кое инсистиравме беше дека не би било во ред зголемувањето на тензиите во регионот и дека кризата во регионот треба да заврши со воспоставувањето на мир“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул.
Турскиот претседател изјави дека споделил снимки од Дума со неговиот руски колега Владимир Путин.
Тој исто така во врска со нападот со хемиско оружје во Дума, зборуваше и со американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека Турција има силен став против негова употреба.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад во саботата изведоа жестоки напади врз подрачјето Дума во Источна Гута и убија 78 цивили. Локалната цивилна заштита информираше дека во нападите се користени бомби со отровни гасови.
Ердоган исто така ја нагласи можноста за спротиставување на употребата на конвенционално со хемиско оружје.
„Очигледно, смртта со хемиско оружје е вистинска трагедија, катастрофа, но, од друга страна, кога барел бомби со конвенционално оружје ќе паднат, тие не прават разлика меѓу луѓето, децата, жените, постарите лица и тие безмилосно ги убиваат“, рече Ердоган.
„Пред сето ова сакаме коалиционите сили, особено САД и Русија да бидат чувствителни тука [со употреба на конвенционално оружје]“, истакна турскиот претседател.
Ердоган исто така изјави дека Турција го продолжува својот став кон борбата против тероризмот во Африн.