Andaç Hongur,Kaan Bozdoğan
24 Ноември 2018•Ажурирај: 24 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција и на Партијата за правда и развој (АК Партија), Реџеп Таип Ердоган, ги претстави денес кандидатите на АК Партијата, кои на претстојните локални избори на 31 март 2019 година, ќе бидат во трка за позициите градоначалник и началник во 40 градови, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, на церемонијата одржана во Истанбул денес, претстави вкупно 40 кандидати, од кои 14 се кандидати за позиција градоначалник и 26 кандидати за позиција началник.
Претставени се кандидатите за градовите Адиаман, Амасија, Анталија, Ардахан, Артвин, Бартин, Бетмен, Бајбурт, Битлис, Болу, Бурдур, Бурса, Денизли, Дијарбакир, Дузче, Елазиг, Ерзурум, Газиантеп, Гиресун, Ѓумушане, Хакќари, Кахраманмарас, Карабук, Кастамону, Кирикеле, Киркларели, Килис, Коџаели, Малатија, Невшехир, Нигде, Орду, Ризе, Самсун, Синоп, Шанлиурфа, Ширнак, Текирдаг, Јалова.
Ердоган денес не ги претстави кандидатите за турските метрополи како Истанбул, Анкара и Измир, а тие ќе бидат познати подоцна.
Турскиот претседател во обраќањето му се заблагодари на претседателот на опозициската Партија на национално движење (МХП), Девлет Бахчели, кој денес потврди дека Партијата на национално движење на локалните избори нема да излегува со кандидати за градовите Истанбул, Анкара и Измир, односно дека Партијата на национално движење ќе ги поддржи кандидатите на АК Партијата. Станува збор за претходен договор на овие партии за заедничко дејствување на локалните избори.
Локалните избори во Турција ќе бидат одржани на 31 март 2019 година.